Почеток Предмети
|
|
Општо за предметите |
|
|
|
Избери предмети од саканата година:
- I година
- II година
- III година
- IV година
- македонски јазик и литература
- Задолжителен предмет за сите ученици, кој се изучува во сите четири години. Неделно е застапен со по 4 часа. Учениците освен за македонската литература и граматика можат да научат и пошироко. Најпрвин во прва година се изучува античка литература. Потоа следуваат останатите литературни правци, се до Модерната литература. Исто така редовно се организираат и литературни конкурси, достапни за сите ученици.
- Задолжителен предмет за сите ученици, кој се изучува во сите четири години. Неделно е застапен со по 3 часа. Решавајќи задачи, писмени задачи, учениците можат да го продлабочат своето знаење и воедно да продолжат на математичкиот смер, кој освен оваа математика содржи уште две математики во трета година, Алгебра и Линеарна Алгебра, а во четврта Анализа. Професорите им помагаат на своите ученици, а воедно и ги спремаат за натпреварите по математика кои се одржуваат секоја година, со по 7 ученика од I и од II година, и со по 5 ученика од III и од IV година.
- Еден од странските јазици, кој го избираат учениците како прв или како втор јазик. Како прв јазик е застапен со по 3 часа неделно, а како втор со по 2 часа. Освен професор кој ја одржува наставата по англиски јазик, тука е и Френк, на кого мајчин јазик му е англискиот. Учениците преку пишувањето на есеи на англиски јазик, слушањето, а воедно и говорот можат многу лесно да го научат.
- Задолжителен предмет за сите ученици од I година, кој се изучува со 2 часа неделно. Притоа се изучува најпрво конфигурација на компјутерот и негови карактеристики, а потоа оперативниот систем Windows XP, програмите Microsoft Word и Excel, работа на интернет и компјутерски вируси.
- Изборен предмет за сите ученици од II година, кој се изучува со 2 часа неделно. По овој предмет се изучуваат следните програми: PowerPoint за изработка на најразлични презентации, Photoshop за уредување и манипулација со слики, Corel Draw за детално и прецизно уредување на цртежи, Front Page за креирање и уредување на веб страници.
- Овој предмет го слушаат учениците од III година од Природно-математичкото подрачје, при што се изучуваат основи на програмскиот јазик Pascal, а веќе во IV година се изучува напредно програмирање.
|
|
|
Кој е онлајн
Имаме 11 госта на оваа страница
Бројач
Учебна година ќе започне за 0 дена, 0 часа и 0 минути
|