You are here: Home Матура
 
 

Програма за интерен матурски испит по предметот информатика

Email Print

 Тестот  по Информатика се  состои од два дела и тоа: 

1. Теоретски тест

Содржи кратки прашања од темите: компјутери, информации, податоци, хардвер, софтвер, компјутерски мрежи, интернет, компјутерски вируси, антивирусни програми, мултимедијални фајлови и друго.

(овие прашања се формулирани во вид на тест, такашто за секое прашање  има понудено по четири можни одговори од  кои само еден е точен и се заокружува или избира)

Овој дел од тестот носи 20% од вкупните поени и трае 30 минути.

 

2. Практичен тест

 Овој тест се  изработува практично на компјутер и е  поделен на неколку дела:

- Microsoft Office Word

Уредувач на текст Microsoft Office Word ( Уредување-селектирање, најди-замени, копирање, преместување; Форматирање-фонт, колони, параграф, набројување, граници, сенки, бои; Вметнување на разни елементи ; Работа со табели; Подесување на страница- маргини, хедер, футер и слично).

- Microsoft Office Excel

Табеларен пресметувач Microsoft Office Excel (Пополнување и форматирање на табела со наслови и слично; Примена на формули и готови функции: sum, average, max, min, count, countif, product, abs, power, sqrt, mod; Креирање на графикони со сите придружни елементи).

- Microsoft Office Power Point

Апликација за презентации Microsoft Office Power Point (Дизијанирање на презентација-уредување на слајдови, вметнување на графички објекти- слики, графикони, табели, уметнички текст во слајдовите; Анимација на објектите; Ефекти на премин на слајдовите и слично).

- Corel Draw

Компјутерска графика Corel Draw (Цртање основни објекти, трансформации на објекти, поставување параметри на објекти, специјални ефекти на текст и објекти)

 

 

За секој дел од овој практичен тест ( Microsoft Office Word, Microsoft Office Excel, Microsoft Office Power Point, Corel Draw), се  изработува соодветен документ, според точно определени и зададени упатства.
 
Овој дел од тестот носи 80% од  вкупните поени и трае 120 минути. Сите заинтересирани ученици можат да добијат подетални информации од професорките по информатика.

 

Општи информации

Email Print

Сите ученици од Гимназијата кои ја завршуваат четвртата година мора да полагаат матура. Постојат два вида на матура. Државна и училишна матура.

  1. Државната матура е наменета за учениците од гимназиско и од четиригодишно средно стручно образование.  Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование. Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.. Државната матура опфаќа три дела Екстерен дел,  Интерен дел и Проектна задача.
                • Екстерниот дел содржи два предмети, мајчин јазик како прв предмет и математика или странски јазик, како втор предмет. Постојат две нивоа на математика: основно и напредно. Напредното ниво го избираат учениците кои се на природно-математичката насока, додека пак основното ниво е за учениците за нкој бизнис факултет. Од странските јазики можат да се изберат Анлиски јазик, Француски јазик, Германски јазик и Руски јазик.
  • Интерниот дел на државнта матура исто така се состои од два предмети, кои влијаат во изборот на факултетот. Тука спаѓаат предмети по избор, кои ги бира самиот ученик. Во групата на изборни предмети спаѓаа: математика, странски јазик, физика, хемија, биологија, историја, информатика и бизнис.
  • Проектна задача претставува домашна работа која најпрвин самиот ученик ја изработува со помош на предметниот професор. Притоа таа може да биде пишувана во форма на есеј, извештај од експериментално истражување, извештај од емпириско истражување иливо форма на творба. Целта на проектната задаче е да се утврди дали ученикот умее самостојно да проучува и истражува проблем. По пишувањето на проектната задача ученикот е должен истата да ја презентира пред комисија.
 
  • Училишната матура претставува завршени испит на средното образование и притоа ученикот не може да се запише на факултет. Тука спаѓаат интерен дел и проектна задача.
  • Интерниот дел содржи два предмети, мајчин јазик како прв предмет и математика или странски јазик, како втор предмет. Постојат две нивоа на математика: основно и напредно. Напредното ниво го избираат учениците кои се на природно-математичката насока, додека пак основното ниво е за учениците за нкој бизнис факултет. Од странските јазики можат да се изберат Анлиски јазик, Француски јазик, Германски јазик и Руски јазик.
  • Проектна задача претставува домашна работа која најпрвин самиот ученик ја изработува со помош на предметниот професор. Притоа таа може да биде пишувана во форма на есеј, извештај од експериментално истражување, извештај од емпириско истражување иливо форма на творба. Целта на проектната задаче е да се утврди дали ученикот умее самостојно да проучува и истражува проблем. По пишувањето на проектната задача ученикот е должен истата да ја презентира пред комисија.
 
 
 
 

Актуелности

Kонтакт

  • СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  •    адреса: Перо Чичо 31а
  •    тел: 031/ 421 079
  •    email: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  •    website: www.gdku.edu.mk