Секој од нас со гордост се чувствува како сведок на времето што го живее. На секоја педа земја, на секој чекор ја чувствува светлоста на оваа мала земја. Македонија, зошто во неа живееме, живеат и ќе живеат луѓе кои ги знаат своите корени, своите вечни трајности во светлото сонце што ги осветлува и исполнува нивните срца. Овие луѓе се издржливи, силни, моќни за секакви премрежија и можат да останат секогаш свои на своето.

Една личност како факел го осветлува патот на нивното постоење, се родил за да вечно живее и да го споменувам со најголема почит. Тоа е Гоце Делчев, патронот на нашето училиште. Во длабочината на еден век, на 100 години излегува ликот на Гоце Делчев, симболот на Македонија, Илинден, Гоце, Македонија ги опејуваме во еден триаголник кој значи се’за сите македонци, луѓе со големи срца и несебичност. Ја сакаме оваа земја затоа што таа е нашата татковина, нашата прадедовина. Кај нас секоја планина, секое езеро, секоја река, секоја ливада ги знае песните на овчарот, музиката на кавалот, зборува за човекот кој во најтешките мигови во својот живот го опјува тоа во своите песни. Песната го одржува и остава Македонецот да биде вечен во своето постоење. Во сјајот на неговите очи ги гледаме душите на неговите предци, смеата на неговите деца и повикот на неговите внуци. Низата продолжува – сто, уште сто и уште многу сто години, мој народе, до вечност.
Сто години државност, сто години Илинден, АСНОМ, Осми Септември, 1991 год. Зарем не сме биле порано во длабоките векови на ова постоење и овие простори?
Македонија ни е името, нека вечно се слави.
Здружени во едно сите Македонци, Албанци, Срби, Власи, Бошнаци, Роми, сите луѓе што се нашите соседи, што се едно под ова сонце на ова парче земја. Љубовта нека не’ води во демократија, во почит едни кон други зашто човекот, луѓето ја чинат државата без оружје, без плач на деца сирачиња и вдовици мајки.
Да го предадеме оружјето, да го замениме со плутови, трактори, коли, убави куќи, театри, музика, затоа што тоа е за наше добро и за доброто на нашите деца. Многу карвани минувале низ вековите по виулестите патишта на нашата земја и доаѓале до саканата дестинација. Сега минуваат карвани на мирот, карвани за разоружување, карвани на песната на човекот.
Да им дадеме шанса на нашите деца зошто тие тоа го заслужуваат.
Глобализацијата не’повикува, да и пружиме раце.
Учениците се деца на нашата иднина.
Мрачен е животот на македонскиот народ за време на илинденските денови. Тоа се денови исткаени со црни и црвени конци. Конци кои секогаш биле присутни во минатото. Конци кои ја плетеле црно – црвената скала по која макотрпно се искачувал нашиот народ во минатото. Тоа се денови обвиткани во тага, мрачност. Сите тие денови како црни синџири наредени еден до друг како да го беа заробиле народот – а тој избезумен како без трошка здрав разум го следеше патот на темнината.
И одеднаш низ темнината блесна зракот на надежта, светна желбата за слобода, за подобро утре.
И токму тогаш, вжарените лави црвена крв се претвараа во солзи радосници. Исткаената црно-црвена шамија која го беше обвиткала градот, однесена од ветерот, народот посака никогаш повеќе да не ја врати. Реките имаа толкав сјај и светлина во себе за да ги стопат вечните џиновски ледници кои и’ го попречуваа патот на слободна иднина. И оттогаш до ден денес на широката небесна шир свети најголемата и најсветла ѕвезда Илинден. Нејзиниот блесок го оствари сонот на народот:„Да живееме во мир и слобода“. Мирот мора да расте заедно со можноста да се развива и продлабочува. Тоа е да чекориш слободно, да му се радуваш на секој нов ден.
И навистина благодарејќи им на тие пожртвувани борци, ние денес живееме во слобода. Црниот конец е искорнат од срцето, а црвениот вечно ќе остане како симбол на веќе остварениот копнеж за слобода. Идеал за кој секој човек се стреми да го изгради, да го сочува и да го надградува.
Есенцијално е дека нашето историско минато е непресушен извор од кој постојано истекуваат нови и нови творби и песни напишави од перото на надарените автори.


