Новости

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

  Секој од нас со гордост се чувствува како сведок на времето што го живее. На секоја педа...

Општи информации за матура

Општи информации за матура

Сите ученици од Гимназијата кои ја завршуваат четвртата година мора да полагаат матура. Постојат...

Актив по македонски јазик и литература

Актив по македонски јазик и литература

       На наградниот конкурс распишан од Друштвото на писателите на Куманово на 10.10.2011год на...

  • СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

    СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

    Tuesday, 13 December 2011 13:32
  • Општи информации за матура

    Општи информации за матура

    Monday, 12 December 2011 12:28
  • Актив по македонски јазик и литература

    Актив по македонски јазик и литература

    Saturday, 24 December 2011 20:13
 
 
 
 
You are here: Home Новости Општи информации за матура
 
 

Општи информации за матура

Сите ученици од Гимназијата кои ја завршуваат четвртата година мора да полагаат матура. Постојат два вида на матура. Државна и училишна матура.

  1. Државната матура е наменета за учениците од гимназиско и од четиригодишно средно стручно образование.  Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование. Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.. Државната матура опфаќа три дела Екстерен дел,  Интерен дел и Проектна задача.
                • Екстерниот дел содржи два предмети, мајчин јазик како прв предмет и математика или странски јазик, како втор предмет. Постојат две нивоа на математика: основно и напредно. Напредното ниво го избираат учениците кои се на природно-математичката насока, додека пак основното ниво е за учениците за нкој бизнис факултет. Од странските јазики можат да се изберат Анлиски јазик, Француски јазик, Германски јазик и Руски јазик.
  • Интерниот дел на државнта матура исто така се состои од два предмети, кои влијаат во изборот на факултетот. Тука спаѓаат предмети по избор, кои ги бира самиот ученик. Во групата на изборни предмети спаѓаа: математика, странски јазик, физика, хемија, биологија, историја, информатика и бизнис.
  • Проектна задача претставува домашна работа која најпрвин самиот ученик ја изработува со помош на предметниот професор. Притоа таа може да биде пишувана во форма на есеј, извештај од експериментално истражување, извештај од емпириско истражување иливо форма на творба. Целта на проектната задаче е да се утврди дали ученикот умее самостојно да проучува и истражува проблем. По пишувањето на проектната задача ученикот е должен истата да ја презентира пред комисија.
 
  • Училишната матура претставува завршени испит на средното образование и притоа ученикот не може да се запише на факултет. Тука спаѓаат интерен дел и проектна задача.
  • Интерниот дел содржи два предмети, мајчин јазик како прв предмет и математика или странски јазик, како втор предмет. Постојат две нивоа на математика: основно и напредно. Напредното ниво го избираат учениците кои се на природно-математичката насока, додека пак основното ниво е за учениците за нкој бизнис факултет. Од странските јазики можат да се изберат Анлиски јазик, Француски јазик, Германски јазик и Руски јазик.
  • Проектна задача претставува домашна работа која најпрвин самиот ученик ја изработува со помош на предметниот професор. Притоа таа може да биде пишувана во форма на есеј, извештај од експериментално истражување, извештај од емпириско истражување иливо форма на творба. Целта на проектната задаче е да се утврди дали ученикот умее самостојно да проучува и истражува проблем. По пишувањето на проектната задача ученикот е должен истата да ја презентира пред комисија.

 

 
 
 
 

Актуелности

Kонтакт

  • СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  •    адреса: Улица Број
  •    тел: 031/ 123 456
  •    email: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  •    website: www.gdku.edu.mk