You are here: Home Настани Проекти
 
 

Настани

Проекти

Email Print

Гимназијата „Гоце Делчев“ ги има остварено следниве проекти:

Блу Скај Младинска Мрежа

Блу Скај Младинска Мрежа

Email Print
    Локалниот клуб „Блу Скај“ Куманово  е формиран во 2004 година. Клубот, со интензивна работа започнува во 2006 година, кога за координатор е изберен Милош Андоновски. Првиот проект на Клубот под негово раководство е реализиран на 24 февруари 2007 година, под наслов „Let's get started“. Место на настанот бил Народниот театар, а проектот се состоел од три дела и тоа:
  • изложба на слики
  • претстава насловена како „Лилја во Париз“
  • модна ревија
     Во  клубот моментално се регистрирани 80 членови. Во 2007 година е изберен ков координатор и нова раководна структура на клубот:
  • Координатор: Дамјан Денковски, ученик во II година во Гимназијата „Гоце Делчев“
  • Project officer: Александра Михајловска, ученичка во II година во Гимназијата „Гоце Делчев“
  • Web Officer: Мартина Шутевска, ученичка во III година во Гимназијата „Гоце Делчев“
  • Team Bilder: Катерина Ѓеоргиевска, ученичка во IV година во Гимназијата „Гоце Делчев“
  • Membership Officer: Вивијана Стојановиќ, ученичка во IV година во Гимназијата „Гоце Делчев“
          Место каде членовите ги одржуваат своите состаноци е Гимназијата „Гоце Делчев“. На 2 февруари успешно се оствари проектот “Global Village“, во кој беше претставен саем на национални и интернационални јадења, со кој беа опфатени 10 држави (САД, Србија, Полска, Холандија, Македонија и др.)  и 11 штандови со храна (поради тоа што ромите имаат своја кујна, но немаат своја држава). Овој проект се реализира во ресторанот „Шуте“.
        На 29 февруари се реализираше проектот „Chalenge yourself in 12“, проект кој се состоеше од 12 дела, а меѓу кои поатрактивен дел беше претставата „Љубов од 17 и пол долари“.
      На 1 март беше реализиран проектот „Mass-mess“, а станува збор за игри за развивање на тимскиот дух, презентации за едуцирање на ученици на најразлични теми, модна ревија, изложби, хуманитарни акции и многу други активности што би ја заинтересирало денешната младина. 
        Она што Blue Sky го нуди е добра забава, добро искуство во животот, знаења од разни области и ширење на другарството и комуникацијата ешу младите луѓе. 
          За  подетални инфромации посетете ја Веб страницата  на Младинската мрежа  www.bluesky.org.mk.
 
 
 
 
 
 

Актуелности

Kонтакт

  • СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  •    адреса: Перо Чичо 31а
  •    тел: 031/ 421 079
  •    email: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  •    website: www.gdku.edu.mk